мвр

Лишени од слобода две лица од Кавадарци, при преглед и претрес пронајдени дрога и пари

26.11.2026 16:10

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави...

На 25.11.2026 во 19:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Д.Н.(36) и Н.А.(40), двајцата од Кавадарци. Тие биле забележани како разменуваат предмети и при преглед кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.А. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Н.А., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, метална вага, пари и останати предмети.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Во координација со јавен обвинител до Основен суд Кавадарци ќе биде поднесен предлог за одредување мерка притвор за Н.А..