Македонија

УХМР: Врнежи од дожд и снег за викендот, од понеделник стабилно и студено

26.11.2026 15:26

Од УХМР информираат дека поради продорот на постуден воздух од север, за време на викендот дождот ќе преминува во снег и во некои од пониските места.

Променливо облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините и од снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Под влијание на циклонска активност, врнежите ќе продолжат до недела, а наместа се очекува да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар за 24 часа.

Од УХМР информираат дека поради продорот на постуден воздух од север, за време на викендот дождот ќе преминува во снег и во некои од пониските места.

На планините се очекува формирање нова снежна покривка до 20 сантиметри, додека на повисоките места се прогнозира снежна покривка од два до 10 сантиметри.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.