Студентите ги развиваат лидерските вештини преку практична обука
Практичните знаења, лидерските вештини и менторството се важен дел од подготовката на студентите за идниот професионален ангажман. Преку тримесечна обука, студентите по економија се запознаваат со искуствата на бизнис-заедницата, развиваат лидерски способности и учат за еднаквите можности и балансот меѓу работата и приватниот живот.

Тримесечната обука за студентите по економија од трета и четврта година е дел од активностите за стекнување знаења и вештини преку практична настава. Покрај теоретскиот дел, во соработка со деловниот сектор, студентите ги развиваат и лидерските вештини што ќе им бидат потребни во идниот професионален ангажман.
Од бизнис-заедницата велат дека размената на практични лидерски искуства, личните примери за кариерните патеки и менторството, како и надминувањето на лидерските стереотипи преку резултати и компетентност, се важни за развојот на талентите кај младите професионалци.
На овие обуки студентите учат како да воспостават баланс меѓу работата и личниот живот, а се запознаваат и со прашањата за еднаквите можности за жените и мажите на лидерските позиции.
Игор Панов
