Култура

Најголемите хитови на „Поточиња“ во оркестарско издание на Националниот џез оркестар

26.11.2026 20:47

Концертот ќе се одржи на 8 декември во Македонската филхармонија, со почеток во 11 часот, а специјални гости ќе бидат членовите на Детскиот хор „Поточиња“.

Националниот џез оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе ги изведе најпознатите детски песни од фестивалот „Поточиња“ во ново, оркестарско руво.

Концертот ќе се одржи на 8 декември во Македонската филхармонија, со почеток во 11 часот, а специјални гости ќе бидат членовите на Детскиот хор „Поточиња“.

Публиката ќе има можност да ужива во музичко патување исполнето со омилените детски песни, овојпат во поинакви аранжмани и изведба на Националниот џез оркестар.

Концертот е наменет за најмалите, но и за сите генерации кои ги сакаат песните на „Поточиња“ и ја негуваат детската радост.