Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
27.11.2026 08:11
По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
