Тошковски на конференција за сообраќајната безбедност
Безбедноста на сообраќајот на локално ниво и улогата на општините во намалувањето на сообраќајните несреќи се во фокусот на Втората национална конференција што денеска ја организира РСБСП. На конференцијата ќе учествува и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој ќе има воведно обраќање.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе учествува на Втората национална конференција посветена на безбедноста на сообраќајот во локалната самоуправа.
Тошковски ќе има воведно обраќање на конференцијата, која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Во фокусот на конференцијата е унапредувањето на сообраќајната безбедност на локално ниво, преку поголема соработка и координација меѓу институциите, општините и другите надлежни чинители.
На првата национална конференција, одржана во декември 2025 година, беше истакната потребата од системски пристап и примена на европската стратегија „Безбеден систем“, со цел до 2030 година бројот на жртви во сообраќајот да се намали за половина, а до 2050 година да се достигне целта – нула жртви.
