Скопје

Откриена кражба на нафта во гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров

27.11.2026 10:38

Внатрешната контрола на ЈСП открила вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Повикана е полиција, а вработените се отстранети од работа. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавува постапка и одговорност согласно законот.

Кражба на нафта во гаражите на Јавното сообраќајно претпријатие во Ѓорче Петров открила внатрешната контрола на претпријатието. Според градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вработени биле затекнати при кражба на значително количество гориво, по што веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски информира дека вработените се отстранети од работа и најави дека ќе следува постапка за утврдување на одговорноста.

Тој очекува Обвинителството да отвори постапка, а секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот.