свет
Во Германија гласање за Буџетот за 2027 година
27.11.2026 11:13
Над една третина од трошоците се наменети за труд и социјални прашања, а расходите за одбрана треба да се зголемат на речиси 140 милијарди евра...

Долниот дом на Бундестагот денеска гласа за сојузниот буџет за 2027 година, кој предвидува расходи од 556 милијарди евра, што е за околу 31 милијарда евра повеќе отколку во 2026 година. Над една третина од трошоците се наменети за труд и социјални прашања, а расходите за одбрана треба да се зголемат на речиси 140 милијарди евра.
Плановите предвидуваат околу 210 милијарди евра ново задолжување во рамките на основниот буџет и специјалните фондови.
