Социјалната заштита преку буџетскиот филтер

28.11.2026 17:43

Буџетската расправа во Собранието ја отвори дилемата колку државата вложува во безбедноста на најранливите.

Дополнителни 78 милиони денари во Буџетот за 2027 година за кадровско екипирање и специјализирани тимови во центрите за социјална работа при постапување во случаите на семејно насилство предложи Левица на Комисијата за финансирање и буџет. Сметаат дека моментално немаат капацитет да одговорат на пријавите, а треба инстантно да постапат во рок од 12 часа по пријавата и имаат многу надлежности. 
 
Заменик-министерот за финансии не го прифати амандманот со образложение дека уште во 2025 година имало вработувања во центрите за социјална работа, а ќе продолжат и следната година.
 
Беа побарани 15 милиони денари за најранливите категории граѓани, дневните центри и прифатилиштата од пратеници од опозицијата. Во услови кога има потреба од повеќе услуги во заедницата, недозволиво е да остане на симболично ниво - истакна Битиќи.
 
Левица побара дополнителни 80 милиони денари и за отворање специјализирани советувалишта за жртви на семејно насилство.
 
Александра Велинова