Ѓорѓевиќ селектор на Србија
Некогаш големиот кошаркар Александар Ѓорѓевиќ и официјално е промовиран во селектор на репрезентацијата на Србија. 46-годишниот Сале ќе го наследи Душан Ивковиќ кој пет години ја предводеше Србија со којашто на последното Европско првенство го освои седмото место и обезбеди пласман на мундијалот.
Ѓорѓевиќ имаше импресивна играчка кариера, но за него ова е само втор тренерски ангажман. Претходно го предводеше италијански Армани Џинс Милано.

За 23-те години минати на паркетот Ѓорѓевиќ настапуваше за Партизан, Хувентуд, Филипс, Филодоро, Тимсистем, Барселона, Реал Мадрид, Скаволини и Милано, а имаше и кратка НБА авантура во Портланд. Некогаш еден од најдобрите европски плејмејкери освои еден Куп на шампиони, три европскиот трофеи во купот Радивоје Кораќ, беше по двапати шампион на екс Југославија и на Шпанија, како и двоен победник на Купот на Југославија.
За репрезентацијата на некогашната држава одигра 108 натпревари, беше троен европски првак, еднаш мундијалски шампион, а во биографијата има и олимписко сребро и бронза, од првенството на стариот континент.