За Божик со кратки ракави
Спортот преку „барата“ пред се е забава, па без него не може и на најголемите празници. Божикната вечер беше одбележана со пет натпревари во НБА лигата, на коишто кошаркарите не играа во традиционалните дресови, туку во маички со кратки ракави. Шампионот Мајами ја забележа шестата победа во серија, откако беше подобар од Лејкерс со 101-95. Доминираше Двејн Вејд со 23 поени, седум асистенции, шест скока и со две украдени топки. Крис Бош имаше 23 коша со 11 скока, а во водечкото трио беше и Леброн Џејмс со 19 коша и осум фатени топки.

Спортот преку „барата“ пред се е забава, па без него не може и на најголемите празници. Божикната вечер беше одбележана со пет натпревари во НБА лигата, на коишто кошаркарите не играа во традиционалните дресови, туку во маички со кратки ракави. Шампионот Мајами ја забележа шестата победа во серија, откако беше подобар од Лејкерс со 101-95. Доминираше Двејн Вејд со 23 поени, седум асистенции, шест скока и со две украдени топки. Крис Бош имаше 23 коша со 11 скока, а во водечкото трио беше и Леброн Џејмс со 19 коша и осум фатени топки. Ефектот на триото на Мајами не можеше да го покрие Ник Јанг, без оглед што постигна 20 коша. Лејкерс го претрпеа третиот пораз едноподруго.
Загуби и другата екипа од Лос Анџелес – Клиперс, на гостувањето кај Голден Стејт со 105-103. Хјустон го доби дербито на Тексас против Сан Антонио со 111-98, гостински триумф оствари и Оклахома кај Њујорк со 123-94, како и Чикаго против Бруклин со 95-78.