Кошарка – Прва лига

Изненадување на стартот!

11.10.2014 10:17

Во годината во којашто македонската кошаркарска репрезентација обезбеди петто учество на Европските шампионати, стартуваше 23-то домашно првенство. По тригодишната доминација на МЗТ Скопје, неколку екипи најавија амбиции да им ја одземат круната на „аеродромци“. Во тој стил е и победата на Карпош Соколи на гости кај Кожув со 81:74.

Во првото коло в недела ќе играат Водњански Лисици – Гоце Делчев и Струмица – Куманово. Поради настапот во АБА лигата в недела во Подгорица против Будуќност со пренос на МРТ собранискиот сервис во 21 часот, МЗТ Скопје ќе му гостува на Фени Индустри на 15 октомври, додека екипата на Работнички е слободна на стартот.