Втор случај на заболен од ебола во Тексас

15.10.2014 14:21

Уште еден здравствен работник во Тексас позитивен на ебола. Неговиот идентитет се уште не се соопштува.  26 годинишната медицинска сестра кај која беше дијагностициран вирусот добива соодветен третман. И двете лица го лекувале првозаболениот пациент од Либерија кој почина во болница во Далас. Официјалните лица велат дека  вкупно 48 лица имале контакт со тој пациент и се следи нивната здравстена состојба. Според СЗО бројот на жртвите достигна 4447 лица.

„Заразата продолжува да се шири географски, има заболени во повеќе области и префектури отколку пред еден месец“, вели д-р Брус Аливард, СЗО.

Доколку не се преземат конкретни мерки, неделно ќе се појавуваат од пет до дест илјади нови случаии на ебола, предвидува организацијата.