Медведев се сомнева дека санкциите кон Москва наскоро ќе исчезнат

15.10.2014 14:24

Обновувањето на врската меѓу САД и Русија е невозможно се додека не се укинат западните санкции воведени за Москва, изјави рускиот премиер Димитриј Медведев за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.  Тој се сомнева дека санкциите во скоро време ќе исчезнат.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров изјави дека руските трупи се повлекуваат од Украина и пограничните подрчја, нагласувајќи дека се работи за еден од критериумите за укинување на санкциите.