Знаме со „Голема Албанија“ го прекина натпреварот помеѓу Србија и Албанија
Натпреварот од квалификациите за европското првенство во фудбал меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград синоќа беше прекинат откако дрон со знаме на Голема Албанија прелета околу теренот и испровоцира голем инцидент.
Мечот, кој се играше во мошне тензична атмосфера, заврши скандалозно откако дојде до масовна тепачка на фудбалерите, обезбедувањето и навивачи кои влегоа на теренот. Британскиот судија Мартин Еткинсон најпрвин го прекина натпреварот и ги повика играчите да заминат во соблекувалните, а по подолга пауза беше одлучено мечот да не продолжува.

Српската државна телевизија јави дека накусо бил уапсен Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој наводно управувал со дронот од своето место во вип ложата на стадионот. Засега нема официјална потврда на таквата информација.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се работи за однапред подготвена „политичка провокација“.