САД

Националната гарда и резервниот состав се вклучуват во борбата против еболата

17.10.2014 10:47

Американскиот претседател Барак Обама му нареди на Пентагон да ја повика Националната гарда, како и резервниот состав, да помогнат во американскиот одговор на справувањето со еболата во Западна Африка.

Вашингтон веќе најави дека ќе испрати 4 илјади војници во тој регион за да обезбедат логистичка поддршка во напорите за запирање на смртоносната болест. Американските сили нема директно да се грижат за заболените. Скоро 4 ипол илјади луѓе починале од еболата, најмногу во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.