Меркел на средба со Путин и Порошенко

17.10.2014 11:01

Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко и со неговиот руски колега Владимир Путин, како дел од дипломатските напори на европските лидери за уредување на кризата во Украина, јави ДПА.

Разговорите се одржаа во кулоарите на Азиско-европскиот форум  во Милано, каде Путин и Порошенко се очекува утрово да преговараат со лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и со високи претставници на ЕУ.  На Азиско-европскиот форум во Милано ќе учествуваат претставници на околу 50 земји од Европа и Азија, за да ја разгледаат економската соработка и трговијата.