Косовскиот пациент ги нема сите симптоми карактеристични за ебола?!
Се уште не е потврдено дали пациентот е заболен од вирусот. Лекарите ги прават сите потребни анализи. Пациентот е во карантин. Населението е во паника.

Дали опасниот вирус ебола, кој го крена алармот на светската јавност на нозе, дојде во соседството? Пациент со симптоми слични на ебола е примен ноќеска во болница во приштинската населба Дарданија, јавуваат косовските медиуми.
Се уште не е потврдено дали пациентот е заболен од вирусот. Лекарите ги прават сите потребни анализи. Пациентот е во карантин. Населението е во паника.
Директорот на Националниот институт за здравје, Насер Рамадани за радио Косово изјавил дека пациентот е под надзор, но ги немал сите симтоми карактеристични за вирусот.
Сепак треба да се почекаат резултатите од анализата, додал Рамадани. Како што пренесуваат приштински медиуми, пациентот можел да дојде во контакт со вирусот на ебола за време на престојот на аџилак во Мека.
Од Косово повеќе од 800 аџии ги посетија Мека и Медина за време на минатонеделниот празник.
Вирусот предизвика паника и во авионот кој летал на релација Приштина Диселдорф, откако се појавил сомнеж дека една патничка има симптоми слични на ебола, авионот принудно слетал на аеродромот Никола Тесла во Белград.
Пациентката била хоспитализирана, но лекарите потврдиле дека нема ебола.
Марија Петковска
