Од лош воздух умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи
Багдад е меѓу назагадените градови во светот. Според податоци од Европската унија, од лошиот воздух, умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи. Брисел има акциски план кој предвидува построги гранични вредности за штетните гасови во земјите-членки...

Од загадениот воздух, според податоци од Европската Унија умираат повеќе луѓе отколку во сообраќајни несреќи. Европејците ќе дишат почист воздух. Ако се знае дека на Стариот Континент годишно умираат 400 илјади луѓе поради загадувањето на воздухот, Брисел има Акциски план кој меѓу другото предвидува далеку построги гранични вредности за штетните гасови во земјите-членки.
Како светските метрополи се справуваат со загаденоста на воздухот? Една од мерките е да не се пречекоруваат граничните вредности за штетни гасови во атомосферата и намалување на емисиите на штетни гасови од страна на индустријата, сообраќајот, фабриките и на земјоделството.Македонија може на пример, да ги следи чекорите на Мексико Сити, град кој кој во1992 од Обединетите нации беше прогласен за најзагадена урбана област во светот. 1.000 смртни случаи и 35.000 хоспитализации беа предизвикани од ужасниот квалитет на воздухот во градот.
Како и во Скопје, топлинските инверзии држеа отровен покривач од нечист воздух особено во зимските месеци. Околу три четвртини од загадувачките емисии во Мексико Сити доаѓаа од стари возила кои возеа по градските улици. Состојбата изгледаше безнадежна.
Сепак, денес, Мексико Сити има сино небо во текот на многу денови секоја година, а напорите на градот да продолжи да го подобрува квалитетот на воздухот нудат многу практични лекции. Најважно, на возачите им беше забрането да ги користат своите возила еден ден во неделата. Се пристапи кон масовно зазеленување на градот. Како практични решенија за загадениот воздух се и покриви кои апсорбираат смог.
Америриканска компанија лоцирана во Лос Анџелес, кој е еден од најзагадените градови во Америка, изработува тип на ќерамиди кои можат да апсорбираат смог. Нивните покриви се обложени со титаниум оксид, кој изложен на природна светлина, ги разградува штетните материи.
Според одговорните во оваа компанија покрив од 600 метра квадратни неутрализира смог кој е еквивалентен на емисии кои би ги емитирал автомобил со извозени 10.000 милји во една година. Цената на еден ваков покрив е 600 до 1.000 долари повеќе во однос на класичните покриви.
Нашата планета станува се понаселена од ден во ден, и тоа веќе станува голем проблем, зашто просторот на земјата е лимитиран.
Најзагаени градови во светот се:
1. Багдад - Ирак
2. Брунеи - Дарусалам
3. Дака - Бангладеш
4. Карачи - Пакистан
5. Антананариво- Мадагаскар
Лидија Чакар
