Скијачката луња започна
По првите минувања низ вратите, може ли да се предвидат хероите на крајот од новата скијачка приказна? Марсел Хиршер стартуваше фуриозно! 25 годишниот Австриец во изминатите три години по ред е светскиот скијачки крал!

Рампата се крена во Зелден, навестувајќи возбудливо 49-то издание на Светскиот куп во алпско скијање.Актуелните лауреати, Австријците Марсел Хиршер и Ана Фенингер стартуваа со истата победничка вештина и моќ од минатата сезона. Заедно со Американката Микаела Шифрин, тоа се имиња со првите победнички бодови „Белиот циркус“ со стотиците протагонисти, во следните пет месеци ќе ги крева своите кулиси на најпознатите скијачки стрмнини. Планирани се 38 машки трки и 34 женски.Завршниот фестивал е планиран за третата седмица од март на олимписките патеки во францускиот Мерибел. Во меѓувреме, првата кулминација во сезоната ќе е Светското првенство, на кое во деновите меѓу 2 и 15 февруари светската елита ќе скија на падините на Бивер Крик во САД.
По првите минувања низ вратите, може ли да се предвидат хероите на крајот од новата скијачка приказна? Марсел Хиршер стартуваше фуриозно! 25 годишниот Австриец во изминатите три години по ред е светскиот скијачки крал! Со победничкиот велеслалом во Зелден влезе во предизвикот да испише нова историја на светското скијање: да стане првиот со четири Големи кристални глобуси освоени едноподруго.Тоа беше недостижно за великаните на овој спорт Марк Џирардели со пет Глобуси но не по ред, за Густаво Тени, Пирмин Цурбриген и Херман Маер со по четири, за Ингемар Стенмарк...!Главни опоненти се чини ќе му бидат Французинот Пантуро, Американецот Лигети, Норвежанецот Јансруд во отсуство на својот сонародник Аксел-Лунд Свиндал за кого сезоната заврши уште пред да започне. Деновиве тој се здоби со повреда на „ Ахиловата тетива“ играјќи мал фудбал! Досега беше реткост, првиот настап на светскиот скијачки оркестар да биде и со еден Македонец!Со најдобриот наш алпинец Антонио Ристевски. Не ја заврши првата трка во Зелден, но факт е дека постојано напредува на светската листа. Со своите 25 години и учества на Олимпијади и на светски првенства зад себе,време е повеќе учества во трките од Светскиот куп. Маскоро можеби ќе се израдуваме и на првите негови освоени бодови.
Официјалната предводничка на женскиот дел од белиот карван е Австријката Ана Фенингер. Со амбиции да го задржи таквиот свој статус, се втурна во новата натпреварувачка голгота. Ќе и биде ли полесно откако ретерира од скијањето Германката Марија Хефл-Риш,а харизматичната Линдзи Вон нема да настапува со полн интензитет.Прашање е колку и Словенката Тина Мазе ќе биде амбицирана во оваа сезона!Тука се инеспорните величини Австријката Катрин Цетел, Швајцарката Тина Вајратер и пред се извонредната американска тинејџерка Михаела Шифрин, кои ќе јуришаат на главните почести.Големата скијачка претстава штотуку започна, следат три седмици пауза, до новиот излез на слаломската патеката во финскиот зимски центар Леви на 15 и 16 ноември.
