Кик бокс

Втор европски трофеј за кик боксерот Ивановски

27.10.2014 15:41

Македонскиот репрезентативец Мики Ивановски го освои бронзениот медал на првиот дел од Европското првенство во кик бокс, што се одржа во текот на изминатиот викенд во шпанскиот град Билбао. Ивановски настапи во К1 во категорија – 81 кг и на патот до трофејот оствари две победи и еден пораз во полуфиналниот меч. Со тоа нашиот натпреварувач дојде до својот втор континентален медал, по бронзениот во Баку 2012 година и ја продолжи низата на трофеи во ринговните дисциплини.

Македонскиот репрезентативец Мики Ивановски го освои бронзениот медал на првиот дел од Европското првенство во кик бокс, што се одржа во текот на изминатиот викенд во шпанскиот град Билбао. Ивановски настапи во К1 во категорија – 81 кг и на патот до трофејот оствари две победи и еден пораз во полуфиналниот меч. Со тоа нашиот натпреварувач дојде до својот втор континентален медал, по бронзениот во Баку 2012 година и ја продолжи низата на трофеи во ринговните дисциплини. Инаку, најголемиот успех досега е златниот медал на Атанас Стојковски на Е П во Скопје 2006 година, кој е засега единствената континентална круна за нашите кик боксери освоена на рингот.

Вториот дел од шампионатот ќе се одржи во Марибор во ноември, кога на програмата се дисциплините на татами во кои традиционално имаме поуспешни резултати, вклучувајќи ги и златните медали на Светските првенства во минатите три години.