Два тима помалку во Остин
И дефинитивно. Трката во Остин за големата награда на Соединетите Американски Држави место 22 ќе ја почнат 18 болиди. Шефот на Формула 1 шампионатот Берни Еклстон и официјално потврдил дека на тимовите на Марусиа и Катерхам им е дозволено да го пропуштат американското гран при, а се е поизвесно дека нема да настапат ниту на автодромот во Сао Паоло во Бразил. Причините се сериозните финансиски проблеми на двата тима , промените во сопственичката структура и големите трошоци за двете врзани трки на американскиот континент во само 7 дена.

Проблеми со отсуството на двата тима нема да има бидејќи во клаузулите за секоја трка стои дека минимум мора да има 16 болиди на гридот, но проблемите на Катерхам и Марисиа ја возобновија идејата големите тимови својот трет болид да им го даваат на малите или на оние на кои тоа им е потребно. Според Еклстон тоа би функционирало едноставно, тимот што ќе го даде болидот има право да назначи свој возач и да постави дел од рекламите,а малиот тим исто така може да користи дел од рекламниот простор на болидот, но и да ги добие загарантираните средства за учество на трката. Засега нема причина за тоа, но според Еклстон веќе во 2015-тата нема да биде чудно да видиме три Ферарија или Ред Була на патеките. Засега е дефинитивни дека во Остин в сабота од 19 часот на квалификациите и в недела од 21 на трката за американското гран при, ќе се натпреваруваат 18 болиди.