Викторија Бекам прогласена за претприемач на годината
29.10.2014 10:58
Бекам лансираше сопствена модна линија во 2008 година, и три години покасно освои награда за најдобро дизајнерско име во Велика Британија...
Поранешната членка на поп групата Спајс грлс, Викторија Бекам се најде на првото место на листатата од 100 најдобри британски претприемачи која ја составува магазинот „Менаџмент тудеј“, пренесува Би-Би-Си.
Магазинот ја пофали нејзината суптилна деловна способност, која ја докажа со проширувањето на модната куќа, чиј годишен обрт достигна 38 милиони евра и над сто вработени.
Компанијата на Викторија Бекам бележи раст на продажбата од 2.900% и раст на вработувањето од 3.233% во текот на последните пет години.
Бекам лансираше сопствена модна линија во 2008 година, и три години покасно освои награда за најдобро дизајнерско име во Велика Британија.
Вредноста на бизнис царството на г-ѓа Бекам се проценува на 266 милиони евра.