Проектот „Изнајми велосипед“ завршува в петок
Проектот „Изнајми велосипед“ за оваа сезона завршува в петок, информира ЈП Градски паркинг - Скопје. Оттаму велат дека за време на зимскиот период скопјани нема да можат да изнајмат велосипед.
Проектот „Изнајми велосипед“ е во функција 6-7 месеци од годината. Се става во употреба во оној миг кога тоа ќе го дозволат временските услови, на пролет, а завршува на 31 октомври секоја година.

Основан е во заедничка соработка на градот Скопје, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје и Здружението на граѓани Еко Свест, во јули 2010 година. Негова примарна цел е велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје.