Јанкулоска: МВР утврдува од какво оружје е пукано на Владата и кои се сторителите
Синоќа, околу 22 часот, на Илинденска број 2 се слушнале две детонации, а по неколку часа на фасадата на Владата биле пронајдени два забиени проектили...

Полицијата истражува кои се мотивите за синоќешните пукотници кон зградата на Владата. Првичното вештачење покажува дека куршумите се од оружје со поголем калибар. Два проектили завршиле во јужната фасада. Не е познато дали во моментот на пукањето се оддржувала седница на Влада. Штетата дополнително ќе се проценува.
„Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое синоќа беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи нагласува дека степенот на обезбедување на објектите од витално значење секогаш е на потребното ниво.
Синоќа, околу 22 часот, на Илинденска број 2 се слушнале две детонации, а по неколку часа на фасадата на Владата биле пронајдени два забиени проектили, едниот на источната страна од зградата, а вториот кон покривот.
