Нов лек на позитивната листа- олеснување за 20 илјади пациенти
Досега од сопствен џеб, заедно плаќале по 57 милиони денари годишно...

Нов лек за кардиоваскуларни болести на позитивната листа. Дваесетина илјади пациенти ќе бидат ослободени од плаќање. Досега од сопствен џеб, заедно плаќале по 57 милиони денари годишно.
Осигурениците досега лекот clopidogrel, го купуваа приватно, а сега тоа може да го направат со рецепт во која било аптека која има договор со Фондот. Таа посочи дека за таа генерика во моментот постојат 10 фармацевтски производители во Македонија, што обезбедува и добра конкуренција на пазарот, рече директорката на Фондон, Маја Парнарџиева Змејкова.
Се олеснува режимот на пропишување на лекот levothyroxine од листата на товар на Фондот, со што се намалуваат трошоците на осигурениците, посетите и оптовареноста на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и трошоците од непотребни специјалистички или субспецијалистички прегледи кои паѓаат на товар на Фондот.
Отсега, наместо на институтот за патофизиологија, пацинтите со заболена тироидна жлезда, ќе добијат медицински третман кај матичниот лекар. Ова претставува олеснување за 10 илјади пациенти.
