Фетел ќе одмара во сабота
Актуелниот светски шампион во Ф1 ,Себастијан Фетел потврди дека ќе ги пропушти саботните квалификации за големата награда на САД и дека трката в недела ќе ја почне од пит-стопот. Ваков развој на настаните и можеше да се очекува по најавите дека Фетел во Остин ќе користи комплетно нови погонски единици, па без оглед на резултатот од квалификациите поради казните за пречекорување на дозволените погонски единици би стартувал како последен.

Според Фетел ограничувањето на бројот на агрегати е „потполно глупаво“ и дека е несватливо да им се објасни на луѓето кои кога ќе го вклучат телевизорот ќе видат возач што не прави ништо.
Жалење за отсуството на Фетел од квалификациите и на болидите на Марусиа и Катерхам изразиja и организаторите на трката кои истакнаа дека формула 1 може многу да научи од шампионатот во Наскар.