Кругот на Америка

31.10.2014 15:51

Ако дизајните на славниот германски проектант  Херман Тилке се репер за атрактивноста, квалитетот и предизвикот на модерните Ф1 патеки тогаш се вели дека врвот е достигнат со дизајнирањето на „кругот на Америка“ во близината на Остин.

Ако дизајните на славниот германски проектант  Херман Тилке се репер за атрактивноста, квалитетот и предизвикот на модерните Ф1 патеки тогаш се вели дека врвот е достигнат со дизајнирањето на „кругот на Америка“ во близината на Остин. Патеката чија промоција се случи пред две сезони ќе биде 17-от предизвик за возачите во Формула 1 шампионатот кој на три трки до крајот наметнува неколку дилеми: Кој од двоецот на Мерцедес ќе се закити со шампионската титула и колку тимови ќе ја завршат сезоната.По 4-те едноподруго триумфи Луис Хамилтон е на 17 поени пред тимскиот колега Росберг, но ако се има предвид дека Мерцедес веќе ја освои конструкторската титула , дека Абу Даби на крајот ќе носи двојно поени и веројатно на тимските колеги ќе им биде дозволена битка без тимски наредби, тогаш е за очекување докрај неизвесна завршница за врвот, но и за местата под него што носат големи финансиски награди за се посиромашните тимови.

Токму финансиите ги оневозможија Марисиа и Катерхам да се натпреваруваат во Остин, по промената на погонските единици и Фетел најави дека нема да вози во квалификациите па ФИА веднаш реагира и го смени форматот на саботната борба за позициите на стартот. Бидејќи ќе има само 17 болиди во првата сесија ќе испаднат три, во втората уште 4, а најдобрите десет повторно ќе се борат за пол позицијата.Возачите ги очекува лев круг со 20 предизвикувачки свиоци од кои најатрактивен е првиот каде што се совладува височинска разлика од 40 метри. КАко и на претходните 2 трки на кои победија Хамилтон и Фетел одново се предвидени две ДРС зони за претекнување,а помеките компоненти на Пирели се најава за неколку влегувања во боксовите и можност за различни стратегии на тимовите.

Квалификациите за американското гран при се утре од 19, а трката в недела од 21 часот со преноси на собранискиот сервис на МРТ.