Туристичкото патување во вселената ќе почека!
Неуспешниот лет на Спејсшип 2 ќе биде тежок удар врз вселенската индустрија. Од компанијата Вирџин Галактик велат дека се тажни поради несреќата, но немаат нема намераат да се откажат испраќањето туристи во вселената...

Егзотичната и недопрена природа на земјатане е повеќе предизвик за моќните луѓе. Стотици богаташи и познати личности платиле и по 250 илјади долари за билетот кој требаше да им овозможи прекрасен погледот на планета земја од работ на вселената, привилегија која засега ја имаат само астронаутите.
Сепак, несреќата на комерцијалниот вселенски брод им ги помати сметките. Неуспешниот лет на Спејсшип 2 ќе биде тежок удар врз вселенската индустрија. Од компанијата Вирџин Галактик велат дека се тажни поради несреќата, но немаат нема намераат да се откажат испраќањето туристи во вселената.
„Ова се почетните чекори на ерата комерцијални вселенски летови, но верувам дека ќе бидат вистински. Тоа беше ужасна трагедија, но сигурен сум дека треба да се издржи и повторно да работи на летот“, вели Скот Паразински, поранешен астронаут.
Сонот за патување во вселената беше предизвик за сопственикот на Вирџин Галактик, Ричард Бренсон да почне со проектот комерцијални вселенски летови. Месец дена пред уништувањето на леталото, амбиционзно најави посета на работ на вселената во март наредната година. Но, по уништувањето на леталото, неговата замисла по се изгледа не е така едноставна.
„Се надевам дека ќе има пробен лет пред Божик, а првиот лет ќе биде во март, јас и син ми веќе се подготвени за патување во вселената“, изјави сопственикот на Вирџин Галактик, Ричард Бренсон пред несреќата на Спејсшип 2.
И покрај забавување со проектот на Вирџин Галактик, вечниот стремеж на човекот за освување на таинствената вселена е се поголема реалност.
Маја Стојанова
