Хамилтон, Росберг, па сите други
И во пресрет на 17-тата трка во сезоната ништо не се менува. Мерцедесите одново доминираа во пресрет на гран-при викендот за трката на големата награда на САД. Двата петочни тренинга му припаднаа на Луис Хамилтон, а дека ќе има голема борба во битката за титулата потврда е второто време на Нико Росберг со само 3 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега.

И во пресрет на 17-тата трка во сезоната ништо не се менува. Мерцедесите одново доминираа во пресрет на гран-при викендот за трката на големата награда на САД. Двата петочни тренинга му припаднаа на Луис Хамилтон, а дека ќе има голема борба во битката за титулата потврда е второто време на Нико Росберг со само 3 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега. Потврда дека се ќе се сведе на битката на двата Мерцедеса е фактот дека сите други на вториот тренинг доцнеа повеќе од 1 секунда зад времето на најдобрите двајца. Алонсо беше трет, Рикардо зад него,Маса и Раиконен имаа повеќе од секунда и пол зад Хамилтон.
Фетел најави дека нема да настапи во квалификациите па во 90-те тренинг минути симулираше и се подготвуваше за трката што ќе ја почне од пит-стопот.
Квалификациите на патеката во Остин се денеска од 19, тркта утре од 21 часот со преноси на собранискиот сервис на МРТ.