Формула 1

Хамилтон ја освои Америка

02.11.2014 23:42

Нова,10-та еден-два победа на Мерцедес, 10-та сезонава за Луис Хамилтон, 5-та едноподруга и 32 во кариерата што го направи најуспешен британски возач во историјата на формула 1 надминувајќи го легендарниот Менсел кој кариерата ја заврши со 31 триумф.

24 круг го реши победникот. Росберг стартуваше од пол, водеше безмалку до половина на трката, но во директен дуел Хамилтон мина напред и таму остана до крајот зголемувајќи ја предноста во генералниот поредок во однос на германецот на 24 поени.

Место на пиедесталот 10-ти пат сезонава имаше и за одличниот Рикардо кој најави и од 5-тата позиција на стартот успеа да ги мине вилијамсите на Маса и Ботас кои останаа на 4-тата и 5-тата позиција. Во бодови на американското гран при кое мина без поголеми возбудувања уште влегоа Алонсо,Фетел,Магнусен,Малдонадо и Верњ.

На две трки до крајот во битката за шампионската титула во игра се уште 75 поени, 25 од нив на следното гран-при во Бразил по 7 дена.