Знам каде е проблемот, ама незнам да го решам
Еклстон конечно призна дека и тој сноси дел од вината за финансискиот колапс во кој се најдоа неколку тимови...
Сопственикот на ТВ правата за Формула 1, Берни Еклстон конечно призна дека и тој сноси дел од вината за финансискиот колапс во кој се најдоа неколку тимови, но во свој стил изјави дека знае каде е проблемот, но незнае како да го реши. Според него проблем се многубројните погрешни договори склучувани со години наназад и големата количина пари што се одлеваат само кај неколку од поголемите тимови. Проблемот е што големите тимови не сакаат да се откажат од големите финансии во полза на помалите, а за тоа поткрепа имаат и во потпишаните договори со кои се заштитени.
„Мене ми е сеедно како ќе се поделат парите, тимовите треба да седнат и да се договорат, мене ми е доволно само парче хартија од нивниот договор.Тоа може да се смени, но само ако повеќето од тимовите сакаат да се смени.Јас да се прашувам, би ги искинал сите договори и би им платил на сите тимови на кои треба да им се плати и да им се помогне“-вели популарниот Берни додавајќи дека тоа не се негови пари туку на тимовите и тие треба да се договорат за распределбата.