44-ти „Златен гонг“
Рекордерот со четири признанија најдобар на „Златниот гонг“, Примислав Димовски и тројниот победник Мумин Вели ќе им остапат место на помладите македонски боксери...

Педесетина боксери, покрај традицијата ќе го оддржуваат и квалитетот на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, „Златниот гонг“. 44-то издание што викендов ќе се одржи во малата сала Борис Трајковски во Скопје, ќе понуди интересни борби во десет категории меѓу боксери, покрај од Македонија и од Англија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Словенија, Србија, Црна Гора, Хрватска, а се чека одговор на поканата и од Федерациите на Турција и на Грција.
Рекордерот со четири признанија најдобар на „Златниот гонг“, Примислав Димовски и тројниот победник Мумин Вели ќе им остапат место на помладите македонски боксери и тоа на деветемина Сулејмани, Бесими, Еминовиќ, Ристевски, Лескароски, Апостоловски, Ташков, Јоневски и на Ѓорѓиевски.
Турнирот е во огранизација на Боксерската федерација на Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт којашто издвои 1,1 милион денари. Полуфиналните борби ќе бидат в петок, финалните в сабота со пренос на МРТ - собранискиот сервис во 11 часот.
