Продолжува штрајкот во „Дојче Бан“
06.11.2014 13:46
Меркел повика на итен дијалог и изнаоѓање компромис...

Вработените во германската железница Дојче Бан го продолжија штрајкот. По работниците од товарната железница, денеска им се приклучија колегите од патничкидел. Бараат поголеми плати. На работа ќе се вратат дури в понеделник.
Автобускиот сообраќај однапред ги распродаде сите билети, а ги удвои цените за претстојниот викенд.
Прекинот на железницата е сериозен удар врз германската економија. Канцеларката Меркел повика на итен дијалог и изнаоѓање компромис.
