Карате – СП Германија
Павлов за бронза!
06.11.2014 19:30
Во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, Павлов не загуби од Даглас Брос, борбата заврши 0:0, но по прегласување судиите за победник го прогласија Бразилецот...

Не загуби на „татамито“, но сепак македонскиот каратист Eмил Pавлов, ќе се бори за бронзен, а не за златен медал на Светкото првенство во германски Бремен.
Во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, Павлов не загуби од Даглас Брос, борбата заврши 0:0, но по прегласување судиите за победник го прогласија Бразилецот.
Претходно, нашиот каратист ги совлада Исмаил од Јордан, Србинот Антиќ, Ли од Хонг Конг и Французинот Агужал.
