Францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано го отвора „Фестивалот на музика од светот“
По малку во Битола со концертот на францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано ќе биде отворено шестото издание на „Фестивалот на музика од светот“. Галијано ќе настапи со „Тангарија“ и на битолчани ќе им понудат еден спој на музичко петување помеѓу самбата, салзата, тангото и валцерот.

Во ритамот на музиката вечерва на концертна сцена ќе се спојат самбата, салзата, тангото и валцерот. Битолчани ќе ја имаат ретката можност да уживаат во музичките вештини на францускиот виртуоз на хармоника Ричард Галијано. Влјубеникот во македонската традиционална музика очекува дека и публиката ќе има исто чувство по нивниот настап.
„Од вчера сме во Битола, се подготвуваме за вечерашниов концерт. Ќе се претставиме со „Тангарија“ тоа е колаж од француска и латиноамериканска музика. Со мене има уште двајца од Венецуела. Ќе дадеме се од себе затоа што знаеме дека Битола освен град на конзулите го викаат и град на клавирите, тоа само посебе кажува каква публика ќе имаме“, вели маестро Ричаед Галијано.
Ова е најмладиот фестивал, но за битолчани еден од подрагите затоа што изминатите пет изданија покажа дека со симпатиии се гледе на манифестацијата.
„Иако во Битола има многу културно- уметнички случувања ова е добро. Ваков концерт не може да имате многу често, посебно за младите е добра провокација“, вели еден од случајните минувачи на „Широксокак“.
„Ова се ретки настани со вака звучни имиња. Мислам дека публиката ќе биде задоволна и дека вакви големи музички случувања и доликуваат на Битола“, вели неговиот сограѓанин Јанко Јануловски.
Маестро Галијано е едно од најзвучните светски музички имиња што досега настапиле на концертната сцена . Да се доведе човекот кој годинава е прогласен и за најдобар композитор на класична музика не е лесно велат организаторите.
„Со луѓето од ваков калибар преговорите траат подолго. Овојпат ни помогна и француската алијанса, почесниот француски конзулат во Битола и секако најголемата поддршка доаѓа од министерството за култура, мислам на финансиската што е клучно да се влијае едно звучно име да биде дел од свеченото отварање“, вели директорот на Центарот за култура Борче Димитровски.
Дека Ричард Галијано е име што значи во музичкиот свет говори и податокот дека до крајот на годината ќе оржи уште над 30-сет концерти на сцените на три континенти.
Стевче Митревски
