Претпоследна станица - Бразил
На една од најкратките патеки во календарот ќе се возат 71 круг со две ДРС зони, најавите за променливо време со можен дожд може да донесат поголема возбуда уште утре во битката за пол...

Интерлагос дефинитивно нема да го промовира новиот шампион ако се имаат предвид двојните бодови во Абу Даби, но 24-те се солидна предност за Луис Хамилтон во однос на тимскиот колега Нико Росберг кој веќе нема ниту право на кикс, ниту пак оправдување како во Остин дека едноставно не возел добро, ако сака да остане во игра за шмпионскиот трон.
На една од најпредизвикувачките патеки обајцата досега немаат победа, Луис стартуваше од пол пред две години, а минатата мина со доминација на Фетел. На една од најкратките патеки во календарот ќе се возат 71 круг со две ДРС зони, најавите за променливо време со можен дожд може да донесат поголема возбуда уште утре во битката за пол, иако погледнато низ историјата стартот од првата позиција не носи поголемаа предност откако статистичарите пресметале дека од 2000-тата кога Интерлагос ги претрпе последните промени само три пати славел носителот на пол-позиција. А битката за неа е утре од 17 часот, трката в недела во истиот термин со преноси на македонската телевизија.