Розберг најбрз во Бразил
08.11.2014 18:45
Нико Розберг ја освои титулата, во пол конкуренција, со најбрзиот круг на автодромот Карлос Паче. Со 10 најдобри времиња сезонава, Германецот е недостижен во битката за квалификацискиот пехар, што прв пат беше воведен сезонава.

Рамо до рамо со Розберг, поделени во маргина 0,033 секунди, за утрешната голема награда на Бразил ќе стартува неговиот тимски колега и лидер во генералниот поредок, Луис Хамилтон. Само во 12 од 41 трка до сега (или 29%), освојувачот на пол позицијата стигнал до триумф, на легендарниот Интерлагос.
Дури и во случај Британецот да победи, а германскиот пилот да не ја заврши трката, титулата ќе се решава во Абу Даби, со оглед на 50-те бодови што ќе ги добие победникот на последниот Ф1 викенд.
Вилијамс уште еднаш одработе маестрални квалификации, со освојувањето на вториот ред, со распоред Маса и Ботас. Во топ 10 пласманот, завршија Батон и Фетел во третиот, Магнусен и Алонсо во четвртиот, односно Рикиардо и Раиконен во 5-тиот стартен ред.
Главниот настан е утре од 17 часот, во живо на МТВ.