Рекорд на Мерцедес, титулата ќе се решава на крајот
50-те бодови за победникот во Абу Даби гарантираа трка за трофејот дури и Розберг да не завршеше во Сао Пауло, а Хамилтон да си заминеше победнички, но сега со сигурност ќе гледаме нов спектакл, на спуштањето на завесата на 65-тото првенство на најбрзите...

Нико Розберг стигна до 5-та победа сезонава и ја продолжи возбудата во битката за титулата, во Формула 1 шампионатот.
50-те бодови за победникот во Абу Даби гарантираа трка за трофејот дури и Розберг да не завршеше во Сао Пауло, а Хамилтон да си заминеше победнички, но сега со сигурност ќе гледаме нов спектакл, на спуштањето на завесата на 65-тото првенство на најбрзите.
Разликата сега е 17 бодови во корист на Британецот и втората позиција на последната трка, му ја гарантира втората титула во кариерата.
Со 11-тиот 1-2 финиш во рамките на една година, Мерцедес постави нови граници во конструкторските надмудрувања.
Во бодови влегоа уште Фелипе Маса на третата позиција, Батон, Фетел, АЛонсо, Раиконен, Хилкенберг, Магнусен и Ботас.
Последниот збор во првата сезона од новата ера во најелитниот авто-мото спорт, ќе го чуеме на 23-ти ноември, на Јас Марина и во живо на Македонската Телевиз