Продолжуваат жестоките борби во Доњецк

10.11.2014 15:03

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика , Фредерика Могерини изрази загриженост поради состојбата на истокот од земјата и ги повика двете страни да го почитуваат договорот потпишан во Минс...

Оклопни возила и тенкови од изутрината пристигнуваат во Доњецк, што е под контрола на проруските бунтовници, соопштуваат локалните медиуми. Во текот на ноќта се воделе жестоки борби меѓу бунтовниците и украинската војска.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика , Фредерика Могерини изрази загриженост поради состојбата на истокот од земјата и ги повика двете страни да го почитуваат договорот  потпишан во Минск. И германскиот министер за надворешни работи Штанмаер денеска од Казахстан  изрази загриженост за состојбата во Украина.