Рама во Белград: Србија да ја прифати независноста на Косово
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени забелешките на Рама како „провокација“, велејќи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово и Метохија...

Непремостливи разлики меѓу премиерите на Србија и Албанија Вучиќ и Рама. По средбата зад затворени врати двајцата премиери прес конференцијата излегоа со различен став за горливото прашање Косово. Албанскиот премиер Еди Рама, ја повика Србија да ја прифати независноста, коментирајќи „колку побргу го признаете, толку побргу можеме да се движиме напред.
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени забелешките на Рама како „провокација“, велејќи дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово и Метохија. За првпат еден албански премиер е во Србија по 68 години. Покрај Белград, Рама ќе ја посети и Прешевската долина, во која живее доминантно албанско население.
