Боко Харам стои зад самоубиствениот напад во училиште во Нигерија?
Досега никој не ја презеде одговорноста, но локалните власти се сомневаат дека зад нападот стои милитантната група Боко Харам...

Светот во шок по денешнотиот бомбашки напад во училиште во нигерискиот град Потискум. 47-мина загинати и се стравува дека бројот може да расте. Страотниот напад на бомбаш-самоубиец во средно училиште повреди 79-мина ученици и професори. Досега никој не ја презеде одговорноста, но локалните власти се сомневаат дека зад нападот стои милитантната група Боко Харам. Повредените деца кои повеќето биле на возраст од дванаесет до четиринаесет години, веднаш се хоспитализирани, дел од нив се во критична состојба.
Локалните медиуми соопштуваат дега глетката додека ги спасувале децата била страотна. Бомбашот самоубиец бил облечен во ученичка униформа за да може полесно да влезе во зградата и да ја постави направата додека децата во училишниот двор го слушале говорот на директорката и се подготвувале за настава.
„Учениците беа во бизина кога се слушна голема експлозија“, изјави еден од професорите.
Училиштата се честа цел на нападите на екстремистите од Боко харам што во превод значи западното образование е забрането. Тие се противат на едукацијата на женските деца, додека машките мора да се образуваат во духот на Исламот.
Минатиот месец бомбаш самоубиец во истиот град усмрти 30 луѓе. Во април годинава милтантите од Боко Харам киднапираа 200 девојчиња.
Марија Петковска
