Мирис на расипани јајца ги вознемири жителите на Москва

10.11.2014 17:23

Над главниот град се појавил облак од хидроген сулфид. Најлошо било во близина на Кремљ...

Московјани ќе се онесвестеле од мирис на расипани јајца – пренесуваат руските медиуми. Над главниот град се појавил облак од хидроген сулфид. Најлошо било во близина на Кремљ, биле примени многу поплаки од пратениците кои живеат во близина.

Властите се сомневаат во станицата за прочистување на вода или инсталација на Газпром. Потврдија дека нема опасност за здравјето, но потврдија дека имаат проблем со мирисот во тунелите на метрото.