Обама и Путин се сретнале во Пекинг

10.11.2014 19:39

Шефот на руската држава ја обвини украинската војска дека таа ја попречува истрагата за падот на Боингот МХ17...

Претседателите на Русија и на САД се сретнаа на маргините на самитот за азиско-пацифичка економска соработка. Обама му пришол на Путин и разговарале само 5 минути, се претпоставува за Украина. Шефот на руската држава ја обвини украинската војска дека таа ја попречува истрагата за падот на Боингот МХ17.

„Тврдењата дека местото на несреќата е под контрола на таканаречените проруски сепаратисти е неосновано. Другата страна постојано отвора оган на таа територија и не дозволува целосен пристап“, рече Владимир Путин, претседател на Русија.