Капетанот на потонатиот јужнокорејски фериброд осуден на 36 години затвор
Обвинителите бараа смртна казна, но судот не го прифати предлогот...

Капетанот на ферибродот кој потона во април годинава при што 300 патници загинаа е прогласен за виновен и му е одредана казна затвор од 36 години, соопштија официјалните лица.
Обвинителите бараа смртна казна, но судот не го прифати предлогот.
Судот го осуди и главниот инженер на фериботот на 30 години затвор за убиство.
Владата на Република Кореја денеска објави дека ја прекинува потрагата по деветте жртви од потонатиот на 16 април ферибот, кои се водат за исчезнати.
На траектот „Севол“ се наоѓале 476 патници и членови на екипаж за време на несреќата на 16 април годинава. Само 174 лица се спасени во несреќата. Капетанот и поголем дел од екипажот биле меѓу првите што се евакуирале.
