Њујоршкиот лекар го победил ебола вирусот

11.11.2014 12:45

Триесет и три годишниот лекар Крег Спенсер,којшто е прв пациент заразен со ебола во Њујорк, успеал да се избори со вирусот и наскоро треба да излезе од болница- пренесува агенцијата Асошиејтед Прес...

По ригорозните тестови, лекарите заклучиле дека д-р Спенсер нема ебола вирус. По неговото закрепнување, официјално веќе нема заболени од ебола во САД, но, експертите се уште следат стотина луѓе.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјавил  дека Спенсер е вистински херој којшто претрпел многу последните седмици. Еболаму била дијагностицирана на 23 октомври, по враќањето од мисијата во Гвинеја со ,,Доктори без граници“.

Од почетокот на епидемијата пролетва, според статистиката на СЗО досега починале речиси  5 000лица. Ова е најсмртоносната епидемија на ебола во историјата, а најпогодени се Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

 

Соња Стојановска