Берни ги враќа В8
Реакциите на гледачите и на организаторите беа трките беа големи, интересот опадна, па неодамна Еклстон сериозно најави дека правилата мора да се менуваат и за Ф1 би било најдобро да се „оттараси“ од В6 агрегатите кои според Еклстон никому не му донеле ништо добро...

Најновиот предлог на првиот човек на Ф1,Берни Еклстон е враќање на осумцилиндричните мотори во болидите на Формула 1.Не е тајна дека новите В6 агрегати не ја исполнија целта, ниту се побрзи, ниту поевтини, а го загубија и препознатливиот звук на Ф1. Реакциите на гледачите и на организаторите беа трките беа големи, интересот опадна, па неодамна Еклстон сериозно најави дека правилата мора да се менуваат и за Ф1 би било најдобро да се „оттараси“ од В6 агрегатите кои според Еклстон никому не му донеле ништо добро.
Ваквите најави наидоа на различни реакции кај тимовите, некои немаат ништо против ,особено оние кои влегоа во конфронтација со Мерцедес откако водечкиот тим не дозволи „одмрзнување“ на моторите во текот на сезоната со што го ограничи развојот пред се на Ферари и Ред Бул, а ништо против немаат ни малите тимови бидејќи В8-те се поевтини што оди во насока дека сите би биле задоволни. Но, не и Мерцедес.
„Ако ги вратите В8 моторите,Мерцедес си оди од Ф1“-се закани Ники ЛАуда, а отворено е прашањето како ќе реагира Хонда која во Ф1 се враќа поради развојот на В6-ките и нивната примена во патничката програма.