Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2015

12.11.2014 23:48

Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ на Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014...
Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на 60-то јубилејно издание на Изборот за песна на  Евровизија 2015– та, во Виена, Австрија. Вака одлучија гледачите преку телевоутинг и членовите на меѓународно стручно жири од седум Европски радио- дифузни сервиси, во однос 50:50 проценти, според Евровизискиот принцип на одредување на победникот.
 
Во годината на своите значајни јубилеи, 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија, на сцената на „Метрополис“ арената во Скопје, се одржа Фестивалот на забавни мелодии – Скопје 2014. Дваесет македонски музички ѕвезди настапија во придружба на големиот Ревиски оркестар на МРТ, а според официјалните резултати, тројцата првопласирани изведувачи се:
 
1. Даниел Кајмакоски- „Лисја есенски“ (Музика: Јоаким Персон; Текст: Александар Митевски, Даниел Кајмакоски; Аранжман: Бобан Апостолов, Александар Митевски, Далибор Грубачевиќ)
 
2. Тамара Тодевска- „Брод што тоне“ (Музика/ Текст/ Аранжман: Роберт Билбилов)
 
3. Евгенија Чанчалова- Еги- „Да не те сакам“ (Музика: Глигор Копров; Текст: Јелена Булинац; Аранжман: Владимир Дојчиновски)
 
На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди: 20 илјади евра во денарска противвредност за првопласираната, 10 илјади за второпласираната и 5 илјади евра во денарска противвредност за трето пласираниот инерпретатор и композиција.
 

Целосните резултати од гласањето може да ги погледнете на следниот ЛИНК