Турски активисти нападнале американски морнари

13.11.2014 10:39

Скандирајќи „Долу американскиот империјализам“ и „Јенки, одете си дома“ американците биле нападнати со балони со црвена боја...

Активисти на Младинскиот сојуз на Турција во Истанбул нападнале тројца американски морнари близу воениот брод на САД, закотвен во пристаништето во Босфорскиот залив.

Скандирајќи „Долу американскиот империјализам“ и  „Јенки, одете си дома“ американците биле нападнати со балони со црвена боја.

Полицијата вели дека настанот во Истанбул била одговор на нерасчистени сметки меѓу турските и американските војници од пред 11 години во Ирак.