Без застанување, само со намалена брзина ќе се минува низ патарините
Инвестицијата за автоматизација е тешка 18,7 милиони евра. Ќе ја реализира турски „Аселсан“. Ќе има обврска и да ги модернизира петте наплатни рампи долж Коридорот 10 и да отвори две нови...

За година ипол електронски систем ќе биде поставен на патарините. Возачите ќе ги минуваат без застанување со бесконтактни смарт картички и преку микробранови транспордери. Ќе треба само да ја намалат брзината за да ги регистрира системот.
Инвестицијата за автоматизација е тешка 18,7 милиони евра. Ќе ја реализира турски „Аселсан“. Ќе има обврска и да ги модернизира петте наплатни рампи долж Коридорот 10 и да отвори две нови, кај Демир Капија и Гевгелија. Тесните грла кај Романовце и Градско ќе станат минато, наместо пет ќе има десет ленти.
„Уште еден исчекор на Владата во насока на вложување во транспортната инфраструктура и тоа токму на најзначајната транспортна артерија низ Македонија - Коридорот 10, низ кој минува 70 проценти од вкупната трговија на стоки низ државава“, изјви вецепремиерот Зоран Ставрески.
Смарт картичките ќе се полнат на наплатните пунктови. Ќе има вклучени лица во сервис.
„Системот кој ќе се спроведе во Македонија е уште понапредна верзија на овој веќе докажан систем“, изјави Суат Бенгун, потпртседател на Аселсан.
Наплатата ќе биде целосно автоматизирана, човечкиот фактор исклучен, но ниту еден вработен нема да остане без работа- влеат надлежните.
„Целосно е ослободен од човеков фактор и е систем кој ќе биде многу поефикасен од моменталниот“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Се очекува новиот систем да го забрза протокот на возила, времетраењето на поминувањениз наплатните станици да се сведе на минумим. Ќе нема ниту простор за манипулација при наплатата.
„Со комплетно исклучување на човечкиот фактор и средствата ќе бидат без можност за манипулација“, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.
Коридорот 8 е еден од стратешките проекти во транспортната инфраструктура. Вчера и ЕБРД одобри 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија чија реализација се очекува да продолжи непречено.
Сузана Фиданска Стоевска
